Здравствено осигурување

Животот е непредвидлив и колку и да внимавате може да Ви се случи незгода (несреќен случај), која не можеме ниту да ја предвидиме, ниту да ја спречиме. Со продуктите на UNIQA Осигурување ќе ги ублажите економските последици во случај да настане некој осигуран ризик на работно место, дома , при патување и слично.

Патничко осигурување

Патничко здравствено осигурување во странство е најдобар избор за максимална заштита од негативни последици при евентуални несреќи или итни медицински третмани во странство.

Полисата за патничко здравствено осигурување во странство ги покрива трошоците на непредвидена лекарска интервенција во странска здравствена институција, поради болест или незгода што би настанале при патување или престој во странство.

Со Патничкото Осигурување ќе ги избегнете трошоците за:
  • Итен медицински третман за време на патување или престој во странство
  • Лекови, рендгенски или ултразвучни прегледи
  • Итен медицински превоз и хоспитализација
  • Трошоци за репатрација на болните во домашна земја
Со полисата на Патничкото Осигурување дополнително обезбедете и:
  • Надоместок во случај на траен инвалидитет поради незгода во странство.

Максимален износ за трошоци за лекување настанати како последица на болест/незгода изнесува 30,000 € за сите зони.

Патничко осигурување за странци

Полиса за патничко здравствено осигурување за странци може да склучи лице кое не е државјанин на Р.Македонија и ја посетува Р.Македонија за туристички или бизнис цели.

Полисата ги покрива трошоците за итна лекарска интервенција во здравствени установи на територија на Р.Македонија, поради болест или незгода што би се случиле додека патуваат или престојуваат во Р.Македонија.

Овој вид на осигурување може да се договори како:
  • Индивидуално здравствено осигурување при патување
  • Семејно здравствено осигурување при патување
  • Групно здравствено осигурување при патување
Со полисата за патничко здравствено осигурување за странци се избегнуваат трошоците за:
  • Медицински трошоци во случај на итни медицински случај
  • Дијагностички тестови, вклучувајки рендген и скен препорачани поради итен случај
  • Препишани лекови
  • Брза помош со теренско возило во Р.Македонија
  • Итна репатриација

Максимален износ за трошоци за лекување настанати како последица на болест/незгода изнесува 10,000 €

Осигурување од незгода

UNIQA Осигурување Ви овозможува индивидуално и колективно осигурување од незгода, и тоа:

  • Осигурување на работници
  • Осигурување деца
  • Школска младина и студенти
  • Осигурување членови на домаќинство
  • Осигурување спортисти,возачи,летачи,нуркачи,планинари,културни итн
  • Осигурување лица со посебни овластувања и одговорности (менаџери )

Со ова осигурување можат да се осигураат лица на возраст од 14 до 75 години. Лицата пак кои се помлади од 14 или постари од 75 години можат исто така да бидат осигурени, но по посебни или дополнителни услови.

Несреќен случај

Колективното осигурување на работници од последица на незгода (несреќен случај ) овозможува ублажување на економските последици за компанијата и за самите работници од несреќните случаи кои можат да настанат на работното место или каде било во секојдневниот живот, постојано и временски неограничено.

Покритие Пакети
Стандард Комфорт Релакс Ексклузив
Инвалидитет
Смрт од незгода
Смрт од болест
Трошоци од лекување
Дневен надомест
Трошоци за лекување до тешки болести
Трошоци за хируршки интервенции од тешки болести
Доброволно здравствено осигурување

Програмата за доброволно здравствено осигурување е прилагодена според потребите на современиот човек за заштита, штедење, вложување и сите други економски и социјални аспекти.

Согласно Условите за осигурување можат да се осигураат лицата од 0 до 60 годишна возраст.

Лицата постари од 60 години не можат да се прифатат во осигурување.

Предности на UNIQA доброволно здравствено осигурување:
  • Избор на здравствена установа и лекар – без ризик од несоодветен третман
  • Заштеда на време – без одложување на преглед и без преместување на службени и приватни обврски
  • Исплата на фиксен надомест – за хируршки интервенции и фрактури на коски без разлика на установата и висината на трошоците.
Опфатени ризици и нивно покритие компакт оптимум
Дневен надомест за болничко лекување
Дневен надомест за породување
Фиксен надомест за фрактури од I кат
Фиксен надомест за фрактури од II кат
Фиксен надомест за операции од I кат
Фиксен надомест за операции од II кат
Фиксен надомест за операции од III кат
Back to top