Имотно осигурување

Осигурувањето на Вашиот имот претставува одговорна инвестиција во менаџирање со ризици, а не дополнително оптоварување. UNIQA ви нуди заштита на Вашиот имот со покритие од сите ризици кои го загрозуваат неговото постоење или го доведуваат во опасност остварениот приход.

Осигурување имот

Осугурувањето на имот од пожар и други ризици е еден од начините кој гарантира сигурност и материјална заштита, доклоку настане некоја штета.

Основни ризици

Со овој вид на осигурување се овозможува заштита од основни ризици, и тоа: пожар и удар на гром; експлозија ( освен нуклеарна експлозија ); град; бура; манифестации и демонстрации; удар од сопствено моторно возило во осигурани градежни објекти; пад и удар на воздушно летало; излевање на вода од водовод и канализациска инсталација.

Дополнителни опасности

Лизгање и одронување на земјиште; снежна лавина; поплава; порој и високи води; удар од непознато моторно возило во осигурениот објект.

Други осигурувања на имот

UNIQA нуди можност за проширување на покритието со следните ризици:

  • Кршење машини
  • Кражба
  • Стакло од кршење
  • Прекин на работа поради пожар
  • Осигурување на компјутери

За да ги задоволи потребите на физичките и правните лица UNIQA ги подготви следниве пакети.

Физички лица
Осигурување на станови, куќи и членови на семејство

Одберете пакет кој најдобро одговара на Вашите потреби и можности и тоа: СТАНДАРД, РЕЛАКС или ЕКСКЛУЗИВ.

UNIQA преку својот продукт Дом и Среќа Ви нуди и можност да ги осигурате вашите објекти во руралните средини во кои повремено престојувате.

Осигурани ризици ДОМ ПЛУС Програма
Стандард Релакс Ексклузив
Основни ризици на градежен објект и опрема
Нова вредност на градежен објект
Земјотрес
Поплава од инсталации
Одговорност кон трети лица од осигуран објект
Провална кражба
Кршење стакло
Кршење на инсталации
Поплава, порој и високи води
Незгоди за членови на домаќинство
Приватна одговорност кон трети лица
Правни лица
Осигурани ризици БИЗНИС ПЛУСПрограма
Стандард Комфорт Ексклузив
Осигурување од пожар и некои други опасности
Прекин на работа поради пожар
Осигурување на стакло од кршење
Провална кражба и разбојништво
Кршење на машини
Одговорност за штети причинети на трети лица
Одговорност на работодавецот кон вработените
Осигурување на објекти при градба и монтажа
Со овој вид на осигурување можат да бидат опфатени:
  • Градежни објекти во градба ( новоградби и реконструкции )
  • Градежен, занаетчиски, инсталационен материјал и целата опрема кој е наменета за вградување
  • Градежна опрема и помошни објекти кои служат за изградба на градежниот објект
  • Монтажа на метални конструкции, машинска и електро опрема, инсталации и сл.
Меѓу осигурените ризици спаѓаат:
  • пожар и удар од гром, експлозија, луња, град, манифестација и демонстрации, излевање на вода, мраз, лед и снег, снежна лавина, слегнување на тло, градежна незгода, неспретливост, невнимание или лоша намера на работникот или некое друго лице.
Дополнително можат да се вклучат и следниве ризици:
  • земјотрес, поплава и порој, висока вода и подземна вода, лизгање на тло, одронување на земјиште, зарушување на земјиште, одговорност од дејност на изведувачот на градежните работи кон трети лица и нивниот имот, осигурување на градешжни работи во гарантниот рок, провална кражба.
Осигурување од одговорност

Осигурување од одговорност игра многу важна улога во економијата и општеството.Осигурувањето од одговорност ги заштитува претпријатијата од загуби за кои можно е да не бидат во можност да ги исплатат, и обезбедува еден механизам преку кој поединци добиваат обештетување за штети предизвикани на нив, како и надомест на нивните приходи.

Преку овој производ, UNIQA ве заштитува од одговорност према трети лица согласно законската регулатива.

UNIQA ви нуди осигурување од:
  • општа одговорност
  • одговорност од поседување на имот
  • одговорност на работодавецот кон вработените
Професионална одговорност на:

Нотари, Ревизори, Стечајни управници, Судски извршители, Брокери, Адвокати, Проектанти, Туристички агенции и др.

Осигурување на пратки во транспорт
Осигурување на пратки во домашен и меѓународен транспорт

UNIQA нуди квалитетно осигурување за време на транспортот во копнен, поморски и авионски превоз против сите ризици (ALL Risks) Kлаузула *А*. Осигурувањето по оваа клаузула покрива загуба или оштетување на осигуренитe пратки коja ќе настанe како непосредна последица на: сообраќајна незгода, елементарни непогоди, пожар, поплава, делумна кражба, кражба на целото возило, разбојништво, штети настанати при натовар или растовар на стоката.

Back to top